Арсовска со честитка: Делото на Свети Климент Охридски е аманет и обврска кон идните генерации

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка по повод денешниот празник „Свети Климент Охридски“.

-Денес го празнуваме делото на Свети Климент Охридски, одбележувајќи ја неговата дејност, а воедно и афирмирајќи ги христијанските и цивилизациски вредности на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилското писмо, напиша таа во честитката. 

-Свети Климент Охридски ја продолжи мисијата и хуманото дело на своите учители, светите Кирил и Методиј. Неговото дело претставува аманет и обврска кон идните генерации да ја почитуваат традицијата, но и да ја продолжат неговата мисија за споделување со светот на нашата традиција, култура и македонскиот јазик како наше најголемо богатство. Нека е честит и вековит празникот!, порача Арсовска.