Арсовска: Се собраа куп мажи да ме сменат од ЗЕЛС, но тоа не ме обесхрабри

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска при гостувањето во „Студио 10“ кажа дека е уште повеќе мотивирана поради политичките напади кон неа.

- Самата промена ја покажува политичката позадина на постапките. Мотивира кога знаете дека единствената замерка која можат да ви ја најдат е дека не сте од нивниот политички табор. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа за моја смена, кажа Арсовска.

Арсовска посочи дека ѝ било чест да биде претседател на ЗЕЛС.

- Тоа што бев првата жена поставена на позицијата и тоа што се собраа куп мажи да ме сменат, не ме обесхрабри. Тоа што си нашле заеднички противник за мене е дополнителен мотив, вели градоначалничката.