Градоначалничката на Град Скопје, руши рекорди во разрешување на директори. Овој пат го смени директорот на ЈП „Градски паркинг” Михаил Петревски, јавува СДК.МК.
Како што велат извори за порталот, Петревски од вчера не е директор и за нов в. д. директор е назначен Мартин Гавриловски кој е вработен во „Градски паркинг“.
Претходно, во понеделникот разрешен беше и директорот на „Водовод и канализација“ Виктор Панчевски, кој беше именуван пред 6 месеци.