Арсовска посети неколку семејства во социјален ризик

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, вчера посети неколку семејства во социјален ризик, заедно со Здружението ан граѓани за за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица и лица од ранливи категории „4 Сезони“.

Таа истакна дека на средбата се разговарало за предизвиците кои ги имаат семејствата.

-Целта на посетата е да се слушнат потребите на семејствата кои во своја грижа имаат деца и лица со попречености, како и изнемоштени лица. Со поддршка од основни намирници за домаќинствата, Град Скопје дава свој мал придонес за подобрување на секојдневието на лицата кои се соочуваат со предизвици, за кои со соодветни мерки за поддршка може да се придонесе за повисок степен на квалитет на живот - напиша Арсовска на официјалната Фејсбук страница.