Арсовска: Почната е постапка за штетен договор за поставување на светлечки билборди

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека е отпочната постапка за билбордите и светлечките реклами низ градот, не само пред Град Скопје туку и пред судските инстанци и Комисијата за заштита на конкурентноста бидејќи се утврдени прекршувања.

- Што се однесува до Град Скопје соодветно ќе бидат покренати и постапки и тужби, најавено е раскинување со кое што сакаме да ја превенираме и штетноста која е предизвикана и се предизвикува од овој договор и соодветно низ институциите планираме да ја решиме, меѓутоа планираме и да го обештетиме градот, односо оние средства за кои Градот и Буџетот се оштетени од овој договор, да се вратат, рече Арсовска одговарајќи на советничко прашање.

Во изминатите три месеци имало екипи на терен и ги детектирале билбордите, а што се однесува до делот за преносот тоа моментално се утврдува и доколку има простор ќе има соодветна постапка.

- Ќе направиме сè она што го оштетувало буџетот да се вратат тие средства бидејќи тие се средства на граѓаните и не се средства кои треба да одат во приватни џебови, кажа Арсовска.