Откако куќарките изминатите денови повторно се поставија на плоштадот во центарот на Скопје, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска откри за која намена ќе се користат.
- Куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие Паркови и зеленила, а се во функција за „Отворените денови на 23 скопски средни училишта“ кои во следните неколку дена на Плоштадот Македонија ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат, вели Арсовска во објава на својот официјален фејсбук профил.
- Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни? - праша таа во објавата, откако дел од медиумите објавија дека токму овие, како што ги нарекоа „новогодишни“ куќарки, се враќаат на плоштадот.