Арсовска нема намера да даде оставка

Тие што бараат моја оставка треба да тргнат од самите себеси. Јас немам намера да поднесам оставка, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во разговор за ТВ 24.

-Последниве денови, откако изби војната меѓу неа и ВМРО-ДПМНЕ од партијата имаше спорадичнио изјави дека таа треба да си поднесе оставка. Нејзината функција како градоначалник законски е забетонирана. Таа не може да биде сменета, ниту да има процедура за разрешување, а нејзиниот мандат може да биде прекинат само во случај на кривичен процес или здравствена неможност да ја извршува функцијата.

- Не, апсолутно, за оставка, вчера можеа да почнат од себеси и. Имам уште три и пол години без саботажи. Останува совеста на советниците на  Град Скопје и нивниот разум да ги оддржат проектите, во спротивно, нивна е одговорноста.Секој може да одлучи во чиј интерес сака да работи, тие не се мои проекти, тие се на граѓаните, изјави Арсовска.

Арсовска додаде дека во „Водовод и канализација“ се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.