Арсовска нема да им ги продолжи договорите на 100-тина вработени во ЈП Водовод и канализација

Околу 100 вработени во ЈП Водовод и канализација - Скопје од утре ќе останат без работа, затоа што на истиот датум им истекуваат договорите.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не сака да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре, пренесува Курир.

Ваквата одлука на Арсовска, доаѓа откако таа го разреши директорот на комуналното претпријатие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински.

Тој и понатаму медиумски се препукува со Арсовска откако беше разрешен со образложение дека влијаел на тендерот од над сто милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје.

Потегот на Арсовска да не ги продолжи договорите на вработените, во кулуарите на компанијата го коментираат како реваншизам.

Во меѓувреме, Арсовска го назначи Марјанче Митевски на местото на Перински.