Арсовска најгласана во Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, Шилегов во Сарај, Чаир и Шуто Оризари

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, Данела Арсовска, најголем процент од гласовите на граѓаните кои излегле на гласање добила во општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, а актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, процентуално најголема поддршка добил во Сарај, Чаир и Шуто Оризари. 

Најмал процент гласови Арсовска добила во Сарај. Таму за неа гласале 18, 76 отсто од гласачите.

За разлика од неа, Шилегов во Сарај процентуално добил најголема поддршка. За него гласале 57,24 отсто од граѓаните излезени на гласање. Ова е најголемиот процент добиени гласови на овие избори за градоначалник на Скопје. Сите останати проценти, и за Шилегов и за Арсовска се помали, односно под 50 отсто.

По Сарај, Шилегов најголем процент гласови освоил во Чаир каде за него гласале 47,42 отсто од граѓаните излезени на гласање, а во Шуто Оризари за него гласале 42,78 отсто од гласачите. Најмал процент гласови Шилегов освоил во Кисела Вода, 25,89 отсто.

Извор