
За само неколку месеци Град Скопје ќе добие нов/а градоначалник/чка. Токму во пресрет на локалните избори, многумина се потсетуваат на предизборните ветувања на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, кои, за жал и на штета на граѓаните, не се реализираа.
Едно од нив ветената дигитализација.
Во 2021 година, Арсовска ветуваше дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.
Денес, ако треба да се сумира, дигитализацијата на Град Скопје „застрани“ некаде меѓу другите проблеми.
- Од дигитализација за сите услуги во град Скопје, едино што функционира е фејсбук страната на Данела, нотира една твитерџика.
- Вчера имаше настан за дигитализација и градоначалничката говореше како се стремат кон тоа за да ги олеснат услугите кон граѓаните. Денес се јавив во Град Скопје, да пријавам исушено дрво што во секој момент ќе падне и не можело така, мора да одам до барака 16 и поднесам барање, сведочи друга скопјанка.
Од дигитализација за сите услуги во град Скопје, едино што функционира е фејсбук страната на Данела.
— (@_shieldmaiden89) August 11, 2025