Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои најавија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз.
- “Не може некој да излезе на 15. во месецот и да рече нема плата, нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз“, рече Арсовска
Имено пред само 3 дена имаше најава за нов штрајк во ЈСП откако вработените јавно се пожалија дека не ги имаат добиено своите плати. Тогаш претседателот на синдикатот на Јавното сообраајно претпријатије ( ЈСП) кажа дека автобусите нема да излезат на улиците во Скопје
- “Не се договоривме така со градоначалничката, со директорот. Советот на Град Скопје си ја заврши својата работа, ја донесе одлуката (за субвенции). Остана сега парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок. Меѓутоа, бидејќи чекаме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, тоа не се случи. Вработени експресно реагираа и ги информираме граѓаните дека вработените одлучија утре јавен градски превоз да нема“, рече претседателот на синдикатот, Миќо Стојановски.