Арсовска контра Славески: Биди храбар Трајко

Градоначалничката на Арсовска му врати на претседателот на Советот на Град Скопје и му порача да собере храброст и самиот да донесе одлука откако тој јавно преку социјалните мрежи кажа дека Арсовска е на потег по доставената иницијатива од страна на приватните превозници.

„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко“, му порача Арсовска на Славески во напишаното.

Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.