Градоначалнилчката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи директно ја обвини претседателката на УО на Комунална хигиена Скопје за хаосот со собирањето на комуналниот отпад во Скопје.
„На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала ТАЈНА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР.
Госпоѓо Јулијана, согласно правните акти и член 3 од Деловникот согласно кои ти си ДОЛЖНА да работиш, седниците на Управниот одбор на JП КХС се ЈАВНИ. На седницата може да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање и да jа известуваат јавноста за работата, што и се надевам дека ќе го направат за да може да видат што си правела 3,5 години, а и за пресудата да можат да те прашаат како осуден криминалец уште има образ да носи јавна функција!“, напиша Арсовска.
Таа посочи дека претседателката на управниот одбор го крши членовите 13 и 14 и си води тајни седници.
„Директно го кршиш член 13 со тоа што Предлогот на дневниот ред треба да го утврдиш во соработка со директорот на JП КХС, а ти си тераш сама по насоки од штаб.
Директно го кршиш член 14 со тоа што материјалот со поканата за седницата на Управниот одбор не ги доставуваш на Директорот, Заменикот и раководните работници со посебни овластувања и одговорности, зошто сакаш во ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ да тераш ТАЈНИ СЕДНИЦИ, за да го доупропастиш претпријатието со кое УПРАВУВАШ!
Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана!“, напиша Арсовска.