Арсовска има околу 13.000 повеќе гласови од Шилегов

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води со над 13.000 гласа пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. На преброени 33,69 отсто од гласовите на Државната изборна комисија (ДИК), Арсовска има 41.972 гласови пред Шилегов којшто има добиено 28.771 гласови.

По скопските општини, во моментов Шилегов води во општините Центар, Сарај и Чаир, додека Арсовска има водство во општините Карпош, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров.