Арсовска го враќа споменикот на Ќосето, новата локација ќе биде кај „Ист Гејт“

На кружниот тек кај ТЦ „Ист Гејт“ е поставена табла на која пишува дека на ова место ќе биде поставен споменикот на Андон Лазар – Ќосето пренесува ТВ21.

Споменикот на Ќосето претходно беше поставен кај комплексот судови, но истиот e отстранет во февруари 2018 година од тогашниот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека нема дозвола. 

Пред неколку месеци на прашање за тоа зошто има толку настојување за враќање на споменикот на Ќосето, Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, истакна дека Андон Лазов бил револуционер и борец за правда кој делувал на неселективен начин.