Арсовска единствено не се скара со СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наместо да ги решава проблемие на граѓаните, таа создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. 

-Скопје е нечисто како никогаш до сега. Се скара со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација. Се скара со синдикатот на ЈСП. Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари, се наведува во партиското соопштение. 

Оттаму, велат, дека единствено со кого не се скара е со СДС.

-Оддеднаш заборави на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на СДС. Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата. 

Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Аросовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните, наведуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.