Арсовска: Директорот на ЦУК место да помогне чекаше да ги локализираме пожарите, па отиде да се слика

Градоначалничкта на Град Скопје, Данела Арсовска преку статус на Фејсбук кажа дека оставени се самите да се справуваат со пожарите. Ги посочи вчерашните пожари во Визбегово каде директорот на ЦУК Мухамед Али место да помогнел како што тврди градоначалничката тој чекал да се локализираат пожарите , па отишол да се слика.

„Од Владава ќе ве остават да изгорите или да се угушите и нема да мрднат со прст, а кога видоа дека се локализира пожарот од нашите екипи отидоа да се сликаат. И да, надлежни се за да постапат.

Тој Министерот за животна средина има сам повеќе буџет од сите општини заедно во Македонија. Што не излезе да ја исчисти таа депонија, земјиштето е на Република Македонија и дел приватна сопственост, НЕ Е НАША СОПСТВЕНОСТ НИ НАША НАДЛЕЖНОСТ.

Пожарот во отежнати услови 12 часа го гасеа членовите на најдобрата противпожарна бригада во регионот Противпожарната бригада на ГРАД СКОПЈЕ со дополнителна механизација на јавните претпријатија на ГРАД СКОПЈЕ. И никој друг“, напиша Арсовска.

Таа посочи зошто не е постапено по пријавата што е поднесена пред 2 години.

„На таа депонија нашите инспектори сторителите ги фатија УШТЕ ПРЕД 2 ГОДИНИ, пријава е поднесена. Ако не постапувале тие пред вас и вие ли нема да постапите?

Доста ви ја вршевме работата, ни депонии ни фабрики што загадуваат не се наша надлежност, ама ги гониме за да живееме подобро. А вие што правите? Една депонија исчистивте ли? Ние исчистивме 280.

Една фабрика/загадувач затворивте ли? ЕДНА? Кривичната за УСЈЕ што ние ја поднесовме до кај е? Ги штитите, ете до таму е!“, напиша Арсовска.