Арсовска: Дел од блокадите на превозниците беа поради лични, а дел поради политички мотиви

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека е распишан оглас на кој очекува да се пријават приватните превозници.

- Дел од блокадите беа поради лични, а дел поради политички мотиви. Не навлегувам во манипулациите кои беа пласирани во јавноста. Вие кога имате склучено договор, за тој договор имате авансно фактурирање, тоа се недостасани обврски. За сето тоа кое што е тековно побарување од новиот договор и од претходниот договор јавните превозници и ЈСП најдоа заеднички начин да продолжат понатаму, кажа Арсовска.

Арсовска најави дека се трудат и да се обнови застарениот дел од возниот парк и кај приватниците.

- Сакаме да се прилагодиме во целост на оние еко-стандарди што се неопходни за граѓаните да имаат не само квалитетен и брз јавен превоз туку еколошки јавен превоз кој што ќе биде во насока на тоа да имаме почиста и поздрава животна средина, кажа градоначалничката.