Арсовска бара да се одобри кредит од 10 милиони евра за нови автобуси

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред седницата на Советот на Град Скопје ги повика советниците да ја поддржат точката за купување на нови еколошки автобуси.

- На денешната седница на Советот е предложена точка до советниците за набавка на нови еколошки автобуси, па затоа упатувам апел до советниците на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на програмата за „Модерно Скопје“, кажа Арсовска.

Арсовска кажа дека на седницата треба да се утврди заем од 10 милиони евра за 50 еколошки автобуси, а истиот треба да биде реализиран преку домашни банки.