Аршавин доаѓа во Вардар?

Ќе се случи ли чудо, во Македонија да заигра фудбалер кој добиваше награди во Премиер – лигата, постигнуваше и по четири гола на еден меч (против Ливерпул) во англискиот шампионат, беше капитен на Русија, учесник на Европско првенство?!

На Вардар му е понуден Андреј Аршавин (34), ѕвездата на рускиот фудбал, кој блескаше своевремено во Арсенал, беше еден од најдобрите европски напаѓачи, но во последните три години неговата кариера доживеа стрмоглав пад.

Сепак, Аршавин е светско фудбалско име, па „црвено-црните“ имаат неколку дена да размислат дали сакаат да се нафатат на ваков предизвик и да го доведат во Скопје, како најголемо засилување во овој зимски преоден рок, но и воопшто име и презиме какво досега нема играно во македонскиот фудбал. А, на Вардар дефинитивно и му е потребен нов напаѓач, пишува Екипа.