Ароматичен и со крцкава кора - Рецепт за леб кој може да го приготвите дома

Со малку труд и време и дома може да си приготвите леб кој е далку поароматичен, поздрав и повкусен од оние кои се нудат во маркетите.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни: 

1 кгр. брашно

40 гр. квасец

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

700-800 мл. вода

Во брашното додадете ги солта и шеќерот, измешајте и замесете тесто со водата во која е растворен квасецот, но не ја ставајте одеднаш целата.

Оставете да стаса околу еден час притоа расмесете го повтшно уште еднаш до два пати. 

На работната површина посипете повеке брашно и земете количина на тесто колку што сметате да ви биде голем лебот.

Формирајте или векна или округло лепче, увалкајте го во брашното и преместете го на чаршав да стои...

Додека да стаса сега формираниот леб, вклучете ја рерната на 200 степени, ставете го во неа садот во кој ќе се пече лебот нека се загрева.

Кога е стасан лебот, по околу 15 минути, извадете ја добро загреаната тавка, префрлете го лепчето така што горниот дел од лепчето да дојде одоздола и ставете да се пече.

Се пече обично околу 45 минути.