Архитекти: Порта Македонија мора да се урне

Употребната вредност на Порта Македонија е нула, и мора да се сруши, вели за Слободен печат Мартин Пановски, претседател на Асоцијација на архитекти.

-Порта Македонија мора да се сруши, овој објект има употребна вредност нула, и се уште не е направена економска анализа за потрошените, односно украдените пари за изградбата на овој објект, кој е срам за архитектите. Владата и Општина Центар мора да имаат усогласен став околу ова прашање, а од одговорност не смее да бега никој. Кога имате власт мора да имате и одговорност. Владата мора да донесе одлука, ако не го руши објектот, да каже јавно, и никој повеќе да не се занимава со ова прашање, или ако реши да го руши, тоа да го направи, а не да чека некој друг да го направи, и да ја понесе одговорноста, вели Мартин Пановски.