Археолошкиот музеј доби библиотека

Денес беше отворена новата библиотека во рамките на Археолошкиот музеј на Македонија. Библиотеката ќе го носи името на познатиот македонски археолог и проучувач на средновековната археологија на Македонија, Кирил Трајковски. Таа е опремена со 3 500 печатени книги и 30 000 книги и публикации во дигитална форма, на повеќе јазици. 

Опремена со најсовремена технологија за конкретната намена, дигиталната библиотека се очекува до крајот на годината да достигне бројка од 100 илјади датотеки. Библиотеката на музејот ќе и овозможи на јавноста да ги надгради своите сознанија за археолошкото богатство кое го поседуваме –изјави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Формирањето на библиотеката е овозможено од фондацијата „Кирил Трајковски“, со која Археолошкиот музеј потпиша меморандум за соработка пред три години.