Аргентинецот Пабло Симонет пред потпис со РК Вардар

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар е близу до договор со аргентинскиот репрезентативец Пабло Симонет, пишува шпански „handball100x100“.

Вардарци се во потрага по среден бек, а еден од опциите е Симонет. Пред извесен период тој потпиша за Сиудад Енкантада, но Аргентинецот сака да игра во европските купови. Наводно, тој немал ништо против на трансфер во Македонија поради настапите на Вардар во Лигата на шампионите.