Аргентинецот Диего Кастањеда е нов играч на ФК Вардар

Аргентинецот, Диего Факундо Кастањеда е новото засилување на Вардар. Ова денес го потврдија од клубот каде посочија дека 26-годишниот фудбалер во минатото бил дел од редовите на Бока Јуниорс.

Во Вардар Кастањеда прстигнува од црногорскиот Петровац за кој во минатата сезона постигна седум гола и додааде пет асистенции.

Своевремено беше дел и од редовите на гигантот Бока Јуниорс во тимот до 20 години, а подоцна настапуваше и за „Б“ тимот на овој клуб.

„Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа“, велат од Вардар.

Ќе потсетиме, Вардар пред почетокот на новата сезона го очекува и настап во квалификациите за Конференциската лига каде што „црвено-црните“ ќе се соочат со Ла Фиорита од Сан Марино.