Арената „Филип Втори“ се претвори во змијарник! (ВИДЕО)

Змија се најде на трибините на Арената за време на мечот меѓу Вардар и Скопје, токму каде што седеа сопругите и девојките на гостинските фудбалери, пренесува Спортмедиа.

Имено на вчерашниот меч меѓу Вардар и Скопје, на трибините на „Филип Втори”, токму каде што седеле сопругите и девојките на гостинските фудбалери, се нашол и овој несакан „навивач”. Кога ја виделе змијата дошло до пискотници и чудење, но за среќа навреме реагирале редарите и опасноста минала.