Арена Спорт : Радувај се Македонијо и чувај го овој клуб

Поради неприкажувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони во ракомет на некоја од македонските телевизии, најголем дел од спортските фанови, овој натпревар го следеа на Арена Спорт. 

Се чини дека презентерите беа нашата најголема поддршка, како уште еден играч на теренот или гласна група на терените. Со многу епитети за нашите играчи на Вардар, тие го следеа натпреварот, постојано истакнувајќи ги проблемите со кои се соочуваше Вардар во изминатиот период, но и силната игра со која Вардар го играше вчерашниот натпревар, но и денешното финале. 

Балканот не знае да се бори со насилство, тој се бори само со срце. Тоа е моќната порака која ја испраќаме до светот. 

Вардар е првак на Европа, во еден глас извикаа гласно презентерите. Радувај се, Македонијо и чувај го овој клуб. 

Големи поздрави до Стеван и Саша. И тие се нашите херои денеска.