
Алијансата предводена од Арбен Фетаи вечерва ќе одржи вонреден состанок со структури од сите градови, каде што се очекува да се донесе одлука за спојување на партиските структури.
Партијата нагласува дека, како меѓу најголемите придонесувачи и жртви за создавањето и одржувањето во живот на ВЛЕН, тие го прават следниот чекор кон етаблирање на ВЛЕН како политички субјект.
Пред неколку недели, Движењето Беса ги распушти и своите партиски структури, како чекор кон формирање на нов политички субјект наречен ВЛЕН.
Се очекува дека Демократското движење на Изет Меџити и Алтернатива на Беким Сали исто така ги преземат истите чекори.