Арачиновец од мопед пукал кон соселанец

Вчера било пријавено пукање на подрачје на Гази Баба.

-На 24.05.2023 во 17.26 часот во Полициска станица Гази Баба, С.Ш.(43) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека додека управувал патничко возило „фолксваген голф 5“ со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Гази Баба, поради недоразбирање во сообраќајот, Љ.И.(19) од истото село, кој управувал мопед, испукал од пиштол кон пријавителот, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.