
Лишен од слобода возач во кумановско поради пребрзо возење во населено место.
Вчера (07.09.2025) во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б. (37) од Арачиново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници во село Љубодраг, кумановско, запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Б. и било утврдено дека управувал со возилото со брзина од 91 километри на час во населено место, каде максимална дозволена брзина е 40 километри на час, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“