Најубавите спомени и доживувања се поврзани токму со екскурзиите. Многу забава, дружење, нови доживувања и убави спомени.

Оваа девојка на својот Фејсбук профил ја раскажа својата приказна во врска со апсолвентската екскурзија, која покрај убави спомени и донесе и солзи и разочарувања.

Текстот го пренесуваме во целост:

21.04.2018, Budapest Airport, 05:00ч, wizzair.com лет број W62229 Будимпешта-Скопје, насмевка на лице, среќа, спремен куфер спомени од мини-апсолвентската екскурзија, како рекле сè што е убаво кратко трае па така и ова, дојде време за дома, да се вратиме заедно со спомените. Луѓе, до недоглед, редици, гужви, змии од луѓе, тензија. Како и секој лет, така и овој започна со чекирање на картата и багажот. Патувавме во група па претпоставениот на чек ин ни го постави прашањето “Дали сакате да го чекирате багажот, но со вас не смеете да иамте ништо освен пасош, телефон/лаптоп?” Одговорот беше да, па како резултат на целата гужва претпоставениот инсистираше сè да биде ставено во куферот затоа што доколку сакаме да имаме ташничка плус ќе мора да доплатиме и инсистираше тоа да биде направено најбрзо што може од наша страна затоа што има гужваи и се прави застој. И хоророт започнува тука. Багажот е чекиран, пасошот и телефонот во мене, на ред е скен па пасошка контрола и последно да стигнеш до гејт. И се тече супер, се е топ, 6 члена група од 20 години се враќа среќна, со плус уште едно место посетено на светот, како обележје на успешно завршувањето на студиите. И полетавме-слетавме, стигнавме дома, поминавме пасошка контрола и на ред е да си го земеме багажот. Го земавме багажот, стигнавме дома, бакнежи, прегратки, утрински импресии и како што е редот, да се отвори багажот, и целата таа среќа наеднаш пропадна во вода. Отварам во куферот, го вадам новчаникот и гледам ми нема пари. И тука, целата апсолвентска тоне во вода. Од среќа и насмевки во тага и солзи. Да ти го отвори куферот некој кој е задолжен за да провери дали во багажот имаш дрога или оружје да ти ги украде парите од сопствениот новчаник кои си ги сочувал кратејќи си од појадокот за да успееш да собереш некој денар и да прошеташ по светот. Каде е човечноста на луѓето? Каде е моралот на луѓето? Како аеродромите функционираат во Европа? Како функционира контролата на аеродромите каде дневно поминуваат над 10.000 патници? Колку како мене денес имало на аеродромот во Будимпешта? Дали луѓето кои се на ”скен” на почетокот на работното време нивниот надзорник ѓи проверува вработените со што доаѓаат а со што си одат од работа? Тие вработени земаат плата за работата која ја работат. И на аеродром ми рекоа “Девојче, на секоја карта кога се купува пишува дека вредни работи не се остваат во долен багаж”, дали тоа значи дека аеродромите се свесни за “апашите” кои ги имаат вработено и им дозволуваат да се богатат на грбот на некоја 20 годишна девојка која штедела пари за да прошета 4 дена со колегите до Будимпешта. До кога со криминал? Каде е совеста на луѓето? Да отвориш и да си се почастиш со туѓи пари? Само замислете, пристигнувате на дестинацијата каде ќе патувате и гледате дека некој се шопингувал од Вашиот куфер. Дали оваа кражба некогаш ќе заврши? Дали некогаш ќе може да се почуствуваме сигурни во нешто? Во некоја институција? До кога ќе се шетаме наоколу пазејќи се од ненаситните “апаши” кои без око да им трепне крадат и уживаат во нешто туѓо? И да, за крај, се јавив секаде, пратив мејлови секаде и чекам одговори, чекам да видам дали некој ќе превземе одговорност или ќе се креваат раменици и криминалот секојдневно ќе тече и вработените на скен ќе бидат богаташи а можеби и ти ќе бидеш следна мета на “апашите”. Ова го споделив со сите вас за да се покрене свеста за ситуациите на аеродромите, затоа што секојдневно, има уште многу “јас” на кои им снемуваат работи од личниот багаж и се беспомошни како мене и нема начин да ја докажат вистината и правдата да излезе на виделина.