
Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица и Крушево кои управувале возила под дејство на алкохол. Возачот во Крушево предизвикал и сообраќајна незгода и го напуштил местото.
Како што информираат од МВР, ноќеска (03.11.2025) во 00:00 часот на улица „Самоилова“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Г.И.(30) од с.Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Исто така, ноќеска (03.11.2025) во 02:43 часот на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници го лишиле од слобода В.М.(28) од Крушево. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и го напуштил местото. По преземени мерки, тој бил пронајден и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Синоќа (02.11.2025) во 21:35 часот на улица „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.Т.(23) од с.Цера, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.