Апсење за дрога во Скопје во две одделни акции

Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше за дрога во Скопје. 

На 24.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР.

На 24.11.2022 во 13.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, е другиот случај во кој се апсеше. 

По документирање на двата случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.