
При претрес на дом во Скопје пронајдена е дрога.
Како што информираат од МВР, вчера (26.11.2025) во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(36) од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.