Апсење во скопски Аеродром, „паднаа“ двајца дилери

Вчера апсење во скопски Аеродром за дрога. 

- На 08.01.2025 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата. 

- На 08.01.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од МВР за другиот случај.