Апсење во Скопје, Тетово и Гостивар- приведени седум лица

Седум лица приведени на неколку различни локации низ Македонија поради поседување на марихуана.

„На 28.10.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ф.Ч.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.                         

На 29.10.2020 околу 01.00 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(19), Р.Р.(20), Б.Ш.(20) и К.И.(21), четворицата од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ш, а во кое тие се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово.

На 28.10.2020 околу 21.30 часот, на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 33-годишната С.Ј и 24-годишниот Н.А., двајцата од Гостивар, затоа што кај нив  била пронајдена марихуана.“ соопштува МВР.