
Вчера во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(30) од селото Марино.
По наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.