Апсење во Гостивар и Скопје- приведени две лица

Во текот на вчерашниот ден полицијата уапсила две лица поради поседување на марихуана во Гостивар и Скопје.

„На 09.04.2020 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“ го лишиле од слобода Г.П.(26) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2020 во 11.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода К.П.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од полиција.