Апсење во Гази Баба, лицето се барало за издржување затворска казна

Денеска (21.03.2022) околу 09.00 часот на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Брест, со престојувалиште во с.Брњарци.

Тој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.