Апсење во автобус на ЈСП: Скопјанец со нож мавтал среде булевар

53-годишен скопјанец со нож ја загрозувал безбедноста на граѓаните.

На 17.11.2022 во 17.40 часот во автобус на ЈСП на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Претходно било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ тој, мавтајќи со ножот, ја загрозувал безбедноста на граѓаните, информираа од МВР. 

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и му бил изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.