Апсење на „Табановце“: Скопјанец фатен со 1.120 метални монети

На граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце вчера го лишиле од слобода С.Ј. (51) од Скопје кај кој биле пронајдени 1.120 парчиња различни видови монети.

Како што информира МВР, на С.Ј. му се одземени монетите и со него е извршен службен разговор. Тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за натамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.