Апсење на Табановце: Арачиновец приведен заради фалсификување исправа

Вчераутро околу 06 часот, на Граничниот премин „Табановце“ бил приведен Џ.Б. (30) од село Арачиново, скопско.

При проверка било утврдено дека лицето се наоѓа на СТОП – Листата за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.