Апсење на Широк сокак - полицијата приведе три момчиња

На Широк сокак во Битола полицијата пронајде дрога кај три момчиња. 

На 24.11.2022 на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.М(24), Д.Т.(24) и В.Т.(24), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја, стои во денешниот полициски билтен. 

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.