На Широк сокак во Битола полицијата пронајде дрога кај три момчиња.
На 24.11.2022 на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.М(24), Д.Т.(24) и В.Т.(24), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја, стои во денешниот полициски билтен.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.