
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци во чие возило полицијата пронашла и одзела кафена прашкаста материја.
Како што информираа од МВР, вчера (23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило "поло" со кочански регистарски ознаки затоа што кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.