Апсење на Бит Пазар

Двајца скопјани биле уапсени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана.

Синоќа, 20 минути по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода 31-годишниот М.Ѓ. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Ново Село го лишиле од слобода 23-годишниот Д.Т. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.