Апсење на аеродромот во Скопје

Вчера во 05:20 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“ било приведен 23-годишниот Л.С. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за фалсификување исправа.

Како што информира МВР, на граничниот премин тој се пријавил да патува со  италијанска лична карта и италијанска здравствена картичка на име Т.Б.Ј.(20). По извршена контрола било констатирано дека тој не влегол во Република Македонија со наведената лична карта, по што бил извршен преглед над него и му била пронајдена албанска патна исправа на име Л.С.(23) од Aлбанија. Во разговор со полициските службеници тој кажал дека италијанската лична карта  и здравствена картичка ги купил во Албанија за 1.000 евра, а влез остварил со албанската патна исправа. Подоцна, тој бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.