Апсење на аеродромот "Александар Велики"

Апсење на Александар Велики и на Граничниот Премин Долно Блаце. 

 Во 18 часот на Граничниот Премин  „Aлександар Велики“ Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека 33-годишниот A.K. од  Албанија евидира со мерка “Апси” за сторено кривично дело „фалсификување“.

Лицето е лишено од слобода и во 21.00 часот е предадено на полициски службеници од Полицијата Петровец за понатамошна постапка.

 Исто така, во 20.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ , при пасошка контрола, било констатирано дека 26-годишниот С.А.  од Скопје евидира со мерка „апси“.

Истиот е лишен од слобода и во 21.25 часот, со потврда за предавање, е предаден на полициски службеници од Полицијата Чаир за понатамошна постапка.