Апсења во Карпош и Аеродром: Полицијата пронајде хероин и марихуана

Полициските службеници вчера привеле две лица од Скопје откако кај нив била пронајдена дрога.

Најпрво во 11.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(55) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин.

Потоа во 22.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.