Полициски службеници уапсија три лица од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Вчера во 15.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа во 23.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Утрово во 02.10 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.